Профил на КомпанијатаВИЗИЈА

Визијата на нашето работење е успешна соработка со деловни партнери, проширување на работењето, a со тоа и позголемување на сопствениот капитал. За успехот на друштвото, во основа е екипата, добрите навремени престројувања на друштвото, проширувањето на друштвото со деловни единици надвор од седиштето. Во нашето работење секогаш се стремиме да го стекниме довербата на нашите коминтенти, пријатели, создавајќи начин на работење кој им создава пријатни моменти. Наша цел е да станеме врвен регионален центар за автокозметика. Ги дефинираме нормите во оваа индустрија со постојано поставување на највисоки стандарди на совршенства и иновација. Своето работење во иднина ќе го прошируваме со трговија и производство и со друга стока.

Профил на КомпанијатаЗА НАС - ИСТОРИЈАТ

Фирмата РИК - ЕКСПОРТ ИМПОРТ ДОО увоз извоз Битола, е создадена како производствено и трговско друштво со приватен капитал со потполна одговорност од дипломиран инженер-технолог г-ин Стојан Динев во 1994 год, во градот Битола Република Македонија.

Во почетокот на работењето друштвото претежно работеше трговија на големо со материјали за градежништво, како и машини за мелнички преработки и друго.

Во 1995 год. со решение од Република Македонија- Министерство за надворешни работи Скопје, друштвото основа преставништво во странство со седиште во Софија, Република Бугарија. Предмет и дејност на преставништвото да работи по налог на основачот согласно Закон за надворешно-трговско работење.

Во 2000 год. своето работење друштвото го прошири со трговија на освежувачи за простории и автомобили од брендираната корпорација Balev ltd. од Бугарија и си обезбеди да биде генерален преставник во Р.Македонија. Во почетокот со освежувачи за автомобили се снабдуваа малопродажни објекти на Макпетрол ад Скопје, а потоа и другите бензински пумпи. Дистрибуцијата на трговската стока друштвото ја врши со сопствен возен парк.

Во 2001 год. друштвото работењето го прошири со трговија на големо на автокозметика, со набавки од фирмата Areksons Италија и си обезбеди да биде генерален преставник во Р.Македонија.
Kрајот на 2001 год. започна со сопствено производство на еко-автокозметика.
Првите производи се летни и зимски средства за чистење на автостакла (Еко спектар и Еко инсект)

Во 2002 год. друштвото производството го прошири и со друга автокоззметика (Млеко за шал табли; Млеко за бандажи; и др.)

Во 2003 год. започна со внесување во земјата производи WD-40 и стана генерален застапник на WD-40 Англија.

Во 2005 год. друштвото започна со производство на хемиски производи за домаќинство и деловни објекти ( како шампон за Миење садови, Течен сапун, WC санитар, Средство за стакло и друго)

Истата, 2005 год. друштвото набави дополнителни возила со што го зголеми сопствениот возен парк за дистрибуција на стоката до своите купувачи, како и превземање на стока од своите добавувачи.

Подоцна истата 2005 год. друштвото стана генерален преставник на производите ОТО TOP и ILРIU од Италија.

Во 2006 год. друштвото работењето го прошири со нов асортиман како камп опрема, стока од прехрамбена индустрија и сл.

Во 2007 год. друштвото основа своја деловна единица во Скопје, и обезбеди свои штандови во брендирани трговски куќи како: Веро, Рамстор, Хубо маркет, Реплек, Тедико супер, Туштрејд, Супер Марио и т.н.

Во 2009 год. друштвото обезбеди да биде генерален застапник на производите од фирмата AIBO Бугарија.

Bo 2010 год. друштвото се прошири и основа деловна единица со магацински простор, за снабдување деловни партнери од источна Македонија.

Денес друштвото има склучено договори за работење, дистрибуција и партнерство со коминтенти од земјата како и од странство и за истите си го има обезбедено местото на генерален преставник и застапник на Македонскиот пазар.

Друштвото успеа на македонскиот пазар да донеси производи од: Италија, Унгарија, Австрија, Бугарија, Грција, Англија, Србија итн...

Покрај погоре споменатите партнери, друштвото има долготрајна успешна соработка со брендирани куќи како: Агеоn, Areksons, Kredikom, WD 40, IL PIU, Aibo, Panon tokaj и многу други.

Bo моментот стоката се продава успешно во брендирани големи и мали маркети, бензински пумпи, автоперални и сл.

Профил на КомпанијатаМИСИЈА

Наши принципи:

- Знаење

- Квалитет

- Професионализам

- Љубезност

- Постојана присутност на пазарот

- Фер цени

Профил на КомпанијатаТРГОВИЈА И ПРОИЗВОДСТВО

Трговската стока и производството се сместени во сопствени деловни простории во Битола Р.Македонија. Друштвото располага со добра инфраструктура која овозможува пристап, и е на главен пат во близина на населено место. Деловните простории се наменски прилагодени.

Профил на КомпанијатаЕКИПА ЗА РАБОТА

Друштвото е основано со еден вработен, а денес 50% од вработените се со Високо стручна спрема. Работењето е согласно деловната политика и направената систематизација. Сите комуникации се по пат на електронска пошта. Целокупното работењето е компјутерско со најсовремено харверско и софтверско решение, во програма со мрежа на главна дирекција, деловни единици надвор од седиштето, како и мобилни комјутерски терминали во возниот парк.

Стоката е нумерирана со шифри изработени со акредитација за цертифицирано деловно користење на доделениот компаниски префикс СЈЅ1 Бдинствен Матичен број за баркодирање на своите производи и услуги во националниот и меѓународниот трговски синџир и е членка на GS1 .